Првите „реални слики“ со Galaxy Z Flip 4 демонстрираат промени

Објавено на 15.06.2022 во Преклопни уреди



Првите „реални слики“ со Galaxy Z Flip 4 демонстрираат промени

Новото протекување со слики за Galaxy Z Flip 4 моделот додаѓаат од YouTube-рот @Mr_TechTalkTV. Ова е прв пат што го гледаме Galaxy Z Flip 4 со „реални слики“ од интернет, кој е објавен во сива верзија. 

Дизајнот е сличен како оној на Flip 3, внатрешниот екран е со иста големина од 6.7-инчи, но надворешниот екран е малку поголем. Зголемен е од 1.9-инчи на 2.1-инч. Позицијата на сензорот за отпечатоци е на истото место од десната страна. Galaxy Z Flip 4 би можел да понуди поголема батерија, која ќе се промени од 3,300mAh на 3,700mAh, што можеби ќе треба да се изработи подебел дизајн. 

Полнењето исто така ќе се зголеми од 15W на 25W. Galaxy Z Flip 4 се очекува да пристигне со Snapdragon 8 Plus Gen 1 процесор и меморија до 512GB. Аналитичарите очекуваат Samsung да го открие новиот Galaxy Z Flip 4 на 10 август за време на Unpacked настанот, заедно со Galaxy Z Fold 4 и Watch 5.