Илон Маск прв пат се состанува со вработените на Twitter

Објавено на 15.06.2022 во Новости



Илон Маск прв пат се состанува со вработените на Twitter

Најава за купување имаше за Twitter од страна на Илон Маск, човекот што ги поседува Tesla Inc. и SpaceX. Се уште нема детални информации дали купо-продажбата ќе се реализира и кога. Од една страна имаше негативен одговор од одборот на Twitter, а од друга страна и Маск не е сигурен дали сака се уште да ја купи компанијата.

Сите вработени на Twitter што имаа прашања за Илон Маск, а немаа шанса да го прашаат, сега ќе добијат шанса. Извршниот директор на Twitter, Параг Агравал, неделава испратил порака до сите вработени со известување дека во четврток Илон Маск ќе се состане со нив и ќе одговара на прашања. Приказната дека има многу лажни профили на социјалната мрежа, може да биде злоупотребена од Маск за да ја преполови цената на аквизицијата.

Автор: Aleksandar Stankov