Google Maps ви открива колку ќе ве чинат патарините

Објавено на 16.06.2022 во Новости



Google Maps ви открива колку ќе ве чинат патарините

Google Maps се корисна алатка во денешно време, без која е тешко да се замисли да патувате без да ја вклучите апликацијата. Благодарение на големиот број на опции, може да дојдете до различни информации на патиштата. 

Може да добиете информација колку време ќе стигнете до вашата дестинација, колку километри е и колку алтернативни патишта може да добиете. Може да откриете и каде има најмногу сообраќаен метеж, каде се работи на патот, каде има надзор за брзина, сообраќајни несреќи и на кои патишта се наплаќа патарина. Новата опција на Google Maps сега е колку ќе ве чини патарината, што е моментално достапно само во САД, а наскоро ќе стане достапно и глобално.