Vivo X80 Pro е нов модел со совршено кинематографско искуство

Објавено на 16.06.2022 во Новости



Vivo X80 Pro е нов модел со совршено кинематографско искуство

Vivo во партнерство со ZEISS официјално го претстави X80 Pro 5G со мотото: „нова генерација на предводници за европски пазар“. Новиот X80 Pro има акцент на совршено корисничко искуство во фотографија и видеографија. 

Vivo X80 Pro има одлична камера благодарение на ZEISS, глобалниот лидер во оптика и оптоелектроника. X80 Pro има кинематографски режим за снимање, благодарение на новата опција ZEISS Cinematic Video Bokeh, која креира видеа во сооднос од 2.39:1, овозможувајжи ефект на широкоаголен кинематографски објектив. Bokeh ефектот варира со цел да одговара на должината, отворот на блендата и оддалеченоста на снимањето. 

X80 Pro располага со предна камера од 32MP и задна четворна камера од 50MP + 48MP + 12MP + 8MP. Опремен е со најновата верзија на vivo чип за обработка на фотографии - vivo V1+,  со вградена вештачка интелигенција за визуелно подобрување на сликата. Под хауба има Snapdragon 8 Gen 1 процесор со LPDDR5 и подобрена UFS3.1 меморија за побрзо вчитување на податоците. Има поддршка за FlashCharge 80 W брзо полнење и безжично FlashCharge 50W полнење со батерија од 4700mAh. Vivo X80 Pro ќе биде достапен во Европа од јули за цена од 1199 евра.