Бил Гејтс остро ги критикува криптовалутите и NFT: Теории за будали

Објавено на 16.06.2022 во Крипто



Бил Гејтс остро ги критикува криптовалутите и NFT: Теории за будали

Моментално крипто пазарот е се уште на рекордно ниско ниво, заедно со NFT токените. Бил Гејтс зборувал за криптовалутите и NFT на неодамнешна конференција за климетските промени.

Неговиот однос кон криптото е добро познат и не е љубител на таков облик на инвестиции. Целата теорија околу крипто и NFT тој ја нарекува „теорија на големи будали“, односно секогаш ќе постои голема будала спремна да плати повеќе одошто сте платиле вие за некаков дигитален облик, кој во суштина нема никаква вредност. Посебно го истакна примерот со „скапи дигитални мајмуни“, мислејќи на NFT колекцијата Bored Ape Yacht Club.