Snapchat наскоро воведува претплата со Snapchat Plus

Објавено на 17.06.2022 во Новости



Snapchat наскоро воведува претплата со Snapchat Plus

Со цел да ги зголемат своите приходи, некои социјални мрежи воведоа претплата, како што се Twitter и Telegram. Twitter ја воведе услугата Blue, додека од Telegram неодамна потврдија дека наскоро ќе покренат премиум претплатнички сервис исто така.

Snapchat исто така планира да воведе претплата, со тоа што ќе имате опција за бесплатна верзија како и досега, само што нема да ви бидат достапни сите опции. Се спомнуваат и дополнителни опции на Snapchat Plus, како што се можностите за корисниците да одберат еден корисник како и својот најдобар пријател, можноста за промените на Snapchat и увид во поголем број на аналитички податоци, итн.