Мате Римац објави: Во Хрватска официјално регистрирана првата Nevera

Објавено на 21.06.2022 во Електричен погон



Мате Римац објави: Во Хрватска официјално регистрирана првата Nevera

После долго време и многу вложен труд во Хрватска, регистрирана е првата Nevera, која што ќе може да се вози легално и регуларно на сообраќајните патишта. 

Мате Римац се пофали на Facebook страницата со својот успех: „После 5 години развој, над 1.000 луѓе во проектот, 17 произведени прототипови, 45 краш тестови, 9 уништени автомобили и илјадници други тестови - денес законски е регистрирана првата Nevera“.

Автор: Aleksandar Stankov