iPhone 14 Pro и Pro Max ќе добијат голема батерија и одлични перформанси

Објавено на 18.06.2022 во iOs



iPhone 14 Pro и Pro Max ќе добијат голема батерија и одлични перформанси

Благодарение на Twitter, веќе речиси за се знаеме информации. iHacktu профилот овој пат објави дека следните модели iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max ќе бидат премиум модели со подобри оценки од минатогодишните телефони според Antutu

Овој пат телефоните имаат 896,000 поени, што е за 7% повеќе во споредба со претходните модели. iHacktu тврди дека iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max ќе бидат со подобри перформанси, при што се става акцент на батеријата. За Apple е традиција константно да ја подобрува батеријата кај секој нов модел. Така се очекува следната батерија на iPhone 14 Pro Max да добие уште 2 часа и 10 минути батерија. iPhone 14 Pro Max се очекува да трае 27 часа и 10 минути. Процесорската моќ со A16 Bionic се подобрува за 42%, исто како и графичките перформанси со 35%.