Meta отвара онлајн продавница за дигитална облека за аватари

Објавено на 19.06.2022 во Новости



Meta отвара онлајн продавница за дигитална облека за аватари

Марк Цукерберг сака да се погрижи во иднина дека многу слободно време ќе поминеме во виртуелните светови, додека неговата компанија ќе се погрижи во metaverse добро да изгледаме. 

Во продавницата ќе може да се купи дигитална облека од сите познати брендови: Prada, Balenciaga и Thom Browne како што се маици со капи, костими и облека за мотокрос. Облеката во виртуелниот свет ќе може да се плати со вистински пари. „Дигиталната роба ќе биде важен начин за изразување во metaverse и голем двигател на креативната економија“, напишал Марк Цукерберг Facebook.

Автор: Aleksandar Stankov