Работниците на Apple во малопродажба за прв пат пристапиле кон синдикат

Објавено на 20.06.2022 во Новости



Работниците на Apple во малопродажба за прв пат пристапиле кон синдикат

Над стотина работници во Towson, близу Балтимор, гласале за пристапување кон Меѓународното здружение на инженери и воздухопловни работници, објавил синдикатот на својата интернет страница. Локални работници, собрани во Коалиција на организирани работници во малопродажба, имаат поддршка од повеќето наши соработници, напишале во писмо на извршниот управител на Apple, Тим Кук.

„Ова не го правиме за да бидеме против или да создадеме конфликт со нашата управа, напишале тие. Портпаролот на Apple напишал во мејл дека компанијата нема ништо што да додаде моментално. Синдикалното организирање зема замав во некои големи американски корпорации, вклучувајќи ги Amazon и Starbucks. Работниците на Apple во Атланта планирале синдикално да се организираат, но го повлекоа барањето минатиот месец, затоа што имало заплашувања.