WhatsApp воведува опција за лимитирање на видливост на податоци

Објавено на 20.06.2022 во Новости



WhatsApp воведува опција за лимитирање на видливост на податоци

WhatsApp најави нова опција за сокривање на личните информации од одредени личности од списокот на контакти. Новата функција беше достапна само за лимитиран број на корисници. WhatsApp неделава објави на Twitter дека бројот на корисници со новата опција е зголемен. 

Податоците како што се слика на профил, статус, кога последен пат сте ја користеле апликацијата, може да се сокријат само од одредени контакти. Се разбира, и понатаму се достапни старите опции како што се сокривање на личните податоци од сите контакти, а може да подесите во поставките сите податоци да ви бидат видливи за сите.