Amazon ќе има проблеми со работна сила до 2024 година

Објавено на 20.06.2022 во Новости



Amazon ќе има проблеми со работна сила до 2024 година

Amazon е втората најголема приватна компанија во САД според бројот на вработени. Компанијата за онлајн продажба за време на пандемијата драстично ја зголеми продажбата, затоа што луѓето порачуваа масовно преку интернет, а најмногу купуваа преку Amazon. 

За да одработат, во Amazon вработија огромен број на нови луѓе. Како што складиштата и истовремено ги напуштаат голем број на луѓе, потребата за нови работници е постојана. Внатрешниот извештај на компанијата направен минатата година, покажал дека базенот за потенцијални вработени во нивните магацини се повеќе се намалува. Според тие информации, до 2024 година, Amazon веќе нема да има потенцијална работна сила во САД.