Двокрилниот Fold 4 е подобрен во споредба со Galaxy Z Fold 3
Објавено на 20.06.2022 во Преклопни уреди
Samsung е пионер во преклопната телефонија, кој постојано ги подобрува своите производи. Јужнокорејската компанија очекува годинава двојно да ја зголеми продажбата со преклопните смартфони на 15 милиони парчиња.
Добро познатиот Ice Universe повторно објави слика со преклопниот Fold 4, кој има подобрување во зголемувањето на екраните, ќе има подобра камера, Qualcomm Snapdragon 8 Plus Gen 1 процесор и батерија од 4,400mAh. Samsung наводно ќе го најави Galaxy Z Flip 4 на 10 август за време на Unpacked евентот, заедно со Galaxy Watch 5.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.