Telegram официјално воведе претплата, позната е цената

Објавено на 21.06.2022 во Новости



Telegram официјално воведе претплата, позната е цената

Основачот на Telegram, Павел Дуров, неодамна најави воведување на претплатнички опции за комуникациската платформа. Тогаш рече дека плаќањето е единствен начин со кој што може да им понуди на своите корисници нови и подобри опции. 

Притоа, ништо нема да промени за постоечките корисници, што е најважно за над 700 милиони месечно активни корисници на Telegram. Сите и понатаму може да ја користат оваа апликација како досега, но тој што ќе сака дополнителни опции ќе мора да плати 5 долари месечно за Telegram Premium.

Така ќе има пристап до илјадници канали и групи на Telegram (двојно повеќе во споредба со бесплатната верзија), до 10 четови што може да се означат да бидат во врвот на апликацијата, може да се снимаат до 400 GIF-ови, побрзо download и зголемена максимална големина на датотеките, кои што може да се upload-ираат (до 4GB, наместо стандардните 2GB).