Сергеј Брин, еден од основачите на Гугл се разведува
Објавено на 22.06.2022 во Новости
Цел свет пишува за разводот на три годишниот брак на Сергеј Брин, еден од основачите на Гугл и шестиот најбогат човек во светот. Брин тежи неверојатни 94 милијарди долари, кој поднел барање за развод од сопругата Никол Шанахан, а причината за тоа била „ненадминливи разлики“.
Поради тоа што се работи за брак на еден од луѓето од високата класа, јавноста ќе има голем интерес за нивниот развод и сите потенцијални прашања околу старателството над децата. Сега останува да се види дали Сергеј ќе остави дел од стекнатото богатство на својата сопруга со која што се разведува, за што можеби имаат и предбрачен договор.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.