Тојота го намали производството за јули поради криза за делови

Објавено на 23.06.2022 во Електричен погон



Тојота го намали производството за јули поради криза за делови

Бројот на возила планиран да се произведат за јули, Тојота го намали поради недостаток на полупроводници. Се разбира, компанијата нема проблем со пласманот, туку само со набавка на делови.

„Поради недостигот на полупроводници и ширењето на Ковид-19, планот за производство најверојатно ќе биде со помал обем“, соопшти Тојота.

Следниот месец се планирани да се произведат 800 илјади автомобили од јапонската компанија, која е еден од најголемите светски производители на автомобили.