До 2030г. во ЕУ ќе има над 60 милиони електрични автомобили
Објавено на 24.06.2022 во Електричен погон
Се поскапото гориво ќе ја забрза електрификацијата на возниот парк за лични возила во Европската Унија, па продажбата на електрични автомобили до 2030 година ќе чини повеќе од половина вкупна продажба на автомобилите во ЕУ, проценуваат од Horváth.
Horváth проценува дека до 2030 година, една третина од возниот парк на лични возила во ЕУ ќе бидат електричните возила, во што ЕУ ќе биде глобален лидер, со повеќе електрични возила од САД и Кина. Се проценува дека до 2030 година во САД ќе има 20 милиони електрични возила, кои ќе бидат 10% од возниот парк, а во Кина околу 40 милиони, што е околу 15%.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.