Microsoft наскоро ја прекинува поддршката за постарата верзија на Windows

Објавено на 25.06.2022 во Windows



Microsoft наскоро ја прекинува поддршката за постарата верзија на Windows

Microsoft со Windows 8 сакал да направи модерен оперативен систем, што ќе биде прилагоден не само кон персоналните компјутери, туку и таблетите. Поради тоа радикално е променет изгледот и интерфејсот на својот оперативен систем, на кој што плочките го заменија класичниот изглед на главниот екран на Windows, на кој што со години сме навикнати.

Microsoft наскоро ќе почне да испраќа известувања дека доаѓа крајот на поддршката за Windows 8.1 и ако треба, ќе мора да инсталираат нова верзија на Windows. Најавата за крајот се однесува за 10 јануари 2023 година.