Мини електричниот теренец Citroen Ami распродаден за само 17 минути

Објавено на 26.06.2022 во Електричен погон



Мини електричниот теренец Citroen Ami распродаден за само 17 минути

„Жал ми е Илон, единствениот начин за да добиеш еден ваков е да не купиш“, пишува на големото рекламно пано на француската железна станица Gare de L'Est, каде што се рекламира мини електричното возило Citroen Ami, т.е. неговото лимитирано издание "My Ami Buggy". 

Причината зошто Илон Маск не може да го добие ова возило е што во продажба се пуштени само 50 примероци од мини електричното теренско возило и сите веднаш се распродадени. Stellantis, во соработка со Citroen, за само 17 минути и 28 секунди ги распродале сите достапни возила. 1800 заинтересирани имало за ова возило. Неговата цена изнесува нешто помалку од 10 илјади долари.