Samsung наводно започнува со производство на 3нм чипови

Објавено на 27.06.2022 во Новости



Samsung наводно започнува со производство на 3нм чипови

Моментално имаме само двајца независни произведувачи што може да произведат врвни чипови: TSMC и Samsung Foundry. TSMC и Samsung работат на развој на чипови изработени со 3нм процес на производство. Колку помал процесен јазол се користи, толку поголем е бројот на транзистори во чипот. 

Аналитичарите очекуваат од Samsung да најави масовно производство на 3нм чипови од оваа недела. Ова е многу важно, затоа што колку повеќе транзистори има во чипот, толку поенергетски ефикасен е чипот. На секоја година или две, процесниот јазол се намалува и така се воведуваат повеќе транзистори во струјното коло.