Netflix рекламите пристигнуваат кон крајот на 2022г., ќе има пониска претплата

Објавено на 27.06.2022 во Новости



Netflix рекламите пристигнуваат кон крајот на 2022г., ќе има пониска претплата

За Netflix рекламите се зборува веќе одреден период, а сега се официјално најавени од Тед Сарандос, еден од извршните директори на компанијата. Тој им рекол на новинарите дека неговата компанија запоставила голем дел од корисниците, чија месечна претплата за видео сервисот е прескапа, а немаат ништо против реклами.

Сарандос појаснува дека на Netflix нема да има реклами за сегашните корисници, туку ќе има за оние што сакаат да плаќаат пониска претплата. Netflix моментално е во преговори со компаниите за партнерство за реклами, а се зборува дека преговара со Google и NBC Universal.