Daimler Truck развива камионет на водород што ќе мине 1000км

Објавено на 28.06.2022 во Електричен погон



Daimler Truck развива камионет на водород што ќе мине 1000км

Правилата на Европската Унија за климатските промени ги обврзуваат сите производители на камиони до 2025 година да мора да ја намалат емисијата на јаглерод диоксид за 15%, т.е. 30% до 2030 година во споредба со 2019 година. 

Германската компанија Daimler Truck најави транзиција од традиционалните мотори со внатрешно согорување кон почисти технологии со батерии и се надеваат дека до крајот на оваа деценија продажбата на таквите возила ќе се искачи до 60% од вкупната продажба. Камионетот Daimler Truck на водород е во фаза на развој, кој со целосен резервоар би требало да помине 1000 километри. Веќе се објавени и иницијалните тестови.