Solana Saga е специјален телефон за нашата светла крипто иднина

Објавено на 28.06.2022 во Крипто



Solana Saga е специјален телефон за нашата светла крипто иднина

Криптовалутите се во црвено светло во цел свет, но секако во иднина ќе има издигнување и голем раст. Извршниот директор на крипто-компанијата Solana Labs, Анатолиј Јаковенко, најави дека нов Android смартфон влегува на пазарот следната година - Solana Saga.

Новиот телефон ќе биде ребрендиран и како наследник на Essential Phone OV1. Новиот модел на Solana Saga се очекува да биде со 512GB ROM меморија, 12GB RAM меморија и Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1 процесор. Solana Saga доаѓа опремен со Solana Mobile Stack, што се состои од три посебни алатки: Mobile Wallet Adapter, Seed Vault и Solana Pay

Ова е прв пат да се поврзе хардвер со Solana паричникот на вашиот смартфон, а тука го имаме и трезорот (Seed Vault) што ќе се погрижи за безбедноста на вашето крипто. Solana Pay ќе биде исто како Apple Pay и Google Pay, и ќе служи за наплата со Solana или други криптовалути. Solana Saga ќе реши голем проблем за луѓето, кои повеќе нема да мора да ги носат своите тешки лаптопи со цел да менаџираат со своите NFT и криптото. Цената на телефонот ќе биде $1,000, а излегува на почетокот на 2023 година.