Motorola Edge 30 Ultra излегува наскоро со камера од 200MP

Објавено на 28.06.2022 во Android



Motorola Edge 30 Ultra излегува наскоро со камера од 200MP

Новиот Motorola предводник ќе биде со сензор од 200MP на Samsung, со кодно име "Frontier", за кого се очекува да се нарекува Motorola Edge 30 Ultra. Под хауба се очекува да биде со Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1 процесор и ќе пристигне следниот месец.

Аналитичарите шпекулираат дека Motorola Edge 30 Ultra доаѓа со најбрзото полнење досега со 125W преку кабел или 50W безжично полнење. Големината на екранот ќе биде 6.67-инчи и 144Hz фреквенција. Камерата ќе биде составена од 200MP + 50MP + 12MP, додека селфи камерата од 60MP ќе биде со punch-hole.