Инстаграм ќе го скенира вашето лице за потврдување на возраста

Објавено на 28.06.2022 во Смарт



Инстаграм ќе го скенира вашето лице за потврдување на возраста

Инстаграм има нов начин за потврдување на возраста на корисниците со помош на вештачка интелигенција. Yoti е компанијата што ја развила оваа алатка, при што Инстаграм апликацијата ќе може да одреди колку години има корисникот преку скенирање на неговото лице.

Според правилата на апликацијата, корисникот не смее да има помалку од 13 години за да креира Инстаграм профил. Поради големите притисоци од експертите за безбедност на децата, Инстаграм се надева дека со оваа алатка ќе го реши проблемот со потврдување на возраста.