Со новиот HUAWEI nova Y70 ќе го полните телефонот само 2 пати неделно

Објавено на 28.06.2022 во Новости



Со новиот HUAWEI nova Y70 ќе го полните телефонот само 2 пати неделно

Новиот HUAWEI nova Y70 има батерија од 6000 mAh, HUAWEI SuperCharge од 22,5W и 6,75-инчен HUAWEI FullView дисплеј 
На минатонеделната официјална премиера на новите производи за регионот на Централна и Источна Европа, Турција и Канада, Huawei го претстави и HUAWEI nova Y70.
Овој уред е најновото дополнување на веќе добро познатата серија nova, што нуди модерни технологии по разумна цена. HUAWEI nova Y70 доаѓа со мноштво импресивни функции, вклучувајќи 6,75-инчен HUAWEI FullView дисплеј, голема батерија од 6000 mAh, HUAWEI SuperCharge од 22,5W, 128GB меморија и моќен оперативен систем EMUI 12.

Се полни само 2 пати неделно благодарение на батеријата од 6000mAh 
HUAWEI nova Y70 го наследува долгиот век на батеријата од серијата HUAWEI Y. Телефонот има батерија од 6000 mAh (типична вредност), обезбедувајќи неверојатно долго користење на уредот. Со уникатната интелигентна технологија за заштеда на енергија на Huawei, nova Y70 длабоко ги оптимизира осумте области на потрошувачка на енергија.

Дополнително, HUAWEI nova Y70 поддржува HUAWEI SuperCharge од 22,5W, што на корисниците им нуди побрзо полнење и екстремно долго траење на батеријата. Уредот има и интегриран систем за заштита од 13 слоеви и надграден електрохемиски систем за да се подобри безбедноста при полнење, како и траењето на батеријата. Потребно е полнење само двапати неделно, за разлика од другите паметни телефони со ист капацитет на батеријата . Благодарение на оптимизираната потрошувачка на енергија, HUAWEI nova Y70 може да ја идентификува и исклучи потрошувачката на енергија од апликациите што не ги користи корисникот и не се основни. Ако корисникот го вклучи Low Battery режимот кога батеријата е на 5%, уредот ќе работи во режим на подготвеност до 12 часа пред да се исклучи . Дополнително, HUAWEI nova Y70 може да обезбеди излез од 5V/1A , за да напојува и поддржува полнење со кабел за паметните часовници , нараквици и паметни телефони на HUAWEI, каде и да сте.


 

6,75-инчен HUAWEI FullView екран за извонредно визуелно искуство
HUAWEI nova Y70 располага со 6,75-инчен HUAWEI FullView дисплеј за да им обезбеди на корисниците извонредно визуелно искуство. Благодарение на високиот сооднос тело-екран од 90,26% и дизајнот со тесна рамка, екранот прикажува повеќе содржина, без разлика дали се работи за слики, видеа или игри.

За да се намали оптоварувањето на очите на корисниците, HUAWEI nova Y70 поддржува различни режими на екранот, вклучувајќи паметно затемнување, осветлен екран и режим на е-книга. Без разлика на амбиенталното светло, корисниците секогаш можат да сметаат на удобноста при гледањето. Бидејќи долгото гледање во екранот ноќе може да предизвика иритација и напнатост на очите, HUAWEI nova Y70 може да ја намали осветленоста и температурата на бојата на екранот за да го заштити видот на корисникот.

Во однос на боите и дизајнот, HUAWEI nova Y70 повторно го наследува уметничкото совршенство на целата серија nova Y. Новиот телефон има чист и елегантен заоблен дизајн и е достапен во три бои: Pearl White, Crystal Blue и Midnight Black.

Интелигентен, дигитален живот со многу простор за складирање и ново аудио искуство 
Во новата ера на паметни телефони, Huawei се стреми да ги обезбеди најновите технолошки достигнувања и продолжува да им нуди на потрошувачите паметен дигитален живот. HUAWEI nova Y70 доаѓа со голема меморија на телефонот од 4GB и капацитет за складирање до 512GB кога користите MicroSD картички . Големиот простор за складирање ги ослободува корисниците од грижи и обезбедува добри перформанси додека се префрлате помеѓу апликациите или извршувате многу задачи одеднаш.

HUAWEI nova Y70 е опремен и со технологијата EROFTS за супер компресија на датотеки за да се минимизира употребата на простор за складирање при преземање омилени песни, видеа и игри.

Серијата HUAWEI nova Y им овозможува на корисниците да уживаат во слушањето музика со голема јачина. HUAWEI nova Y70 е опремен со неодамна надградениот HUAWEI SuperSound систем, што го подобрува квалитетот на звукот и обезбедува подлабок бас, појасни средни фреквенции и значително подобрен динамички опсег и чувство на простор.

HUAWEI nova Y70 поддржува виртуелен звучен ефект од 9,1 канали што носи 3D ефекти на звукот за да создаде извонредно искуство. Без разлика дали корисниците слушаат песни или гледаат филмови, тие можат да уживаат во аудио патувањето со импресивни звучни ефекти.
 

Предна камера за убави селфи фотографии и задна камера со висока резолуција
HUAWEI nova Y70 има предна камера од 8MP што може да прави селфи со јасни детали. Исто така, поддржува bokeh ефект и заедно со алгоритамот AI Beauty на Huawei може да креира индивидуални поставки врз основа на корисничките карактеристики како што се возраста и полот. Покрај тоа, HUAWEI nova Y70, исто така, располага со HDR backlight технологија за снимање што може да сними повеќе детали во портрети и пејзажи без да се грижите за пречки од светлината.

Задната камера на HUAWEI nova Y70 е опремена со AI Triple Camera, вклучувајќи главна камера од 48MP (бленда f/1,8) со висока резолуција, камера со ултра широк агол од 120° од 5MP и камера со длабочина од 2MP. Главната камера со висока резолуција со оптимизираните алгоритми на Huawei може да го намали шумот и да го зголеми динамичкиот опсег, каде секој кадар е со оптимален квалитет, без разлика дали снимате портрети или пејзажи. Камерата со ултра широк агол од 120° помага лесно да вклучите повеќе содржини во еден кадар, без разлика дали се работи за пејзажи или групни фотографии.

Дискретната Depth Camera работи во тандем со новоразвиениот bokeh алгоритам и може точно да го лоцира растојанието и длабочината на објектот. 3D сликите се користат за прикажување на фокусот на фотографиите, пејзаж или портрет. 

Ефикасно, практично и безбедно интерактивно искуство со EMUI 12
За да се овозможи контрола и соработка помеѓу повеќе уреди, EMUI 12 нуди лесен и интуитивен метод за поврзување. Во интерфејсот на HUAWEI nova Y70 Super Device, иконата за паметен телефон се наоѓа во центарот, опкружена со икони што претставуваат други уреди (како што се паметни телефони, звучници на HUAWEI, итн.). За да поврзете два уреди, само повлечете ги нивните соодветни икони на иконата на паметниот телефон. Покрај тоа, HUAWEI nova Y70 со EMUI 12 има HUAWEI MeeTime, што поддржува повици со најмногу 12 учесници  во HD видео формат.

Покрај тоа, HUAWEI nova Y70 поддржува Easy Mode. Кога е овозможен Easy Mode, тој го уредува екранот со поголеми икони и фонтови, овозможувајќи им на корисниците појасно да ја видат содржината. Ова го прави интерфејсот поедноставен и поефикасен за користење. Дополнително, HUAWEI nova Y70 се одликува со практични и лесни за употреба гестови со прстите што го олеснуваат фотографирањето од екранот. 

HUAWEI AppGallery е официјалниот портал за апликации на Huawei што им овозможува на корисниците да пребаруваат, преземаат, управуваат и споделуваат услуги за мобилни апликации. Постојано нуди популарни апликации и на корисниците им обезбедува богатство од локални понуди.
HUAWEI AppGallery нуди и безбедносни мерки, вклучувајќи скенирање, доверливи информации, откривање на злонамерно однесување и проверка на податоците на корисникот. AppGallery има и апликација за заштита на безбедноста на малолетниците при користење на Интернет.

Автор: Aleksandar Stankov