Volkswagen ја најави првата електрична лимузина ID. AERO

Објавено на 29.06.2022 во Електричен погон



Volkswagen ја најави првата електрична лимузина ID. AERO

Volkswagen со електрификацијата би можел до 2025 година да ја надмине Tesla по бројот на продадени возила. Објавен е новиот концепт на VW ID.AERO, чија верзија за продажба излегува на почетокот на 2023 година. 

На почетокот ќе се произведува во две фабрики во Кина, каде што почнува испораката од 2023 година, а потоа производството продолжува во фабриката за електрични возила во Емден. Планирано е и производство во САД.  Лимузината ќе биде долга пет метри, базирана на платформата за електрични возила на VW - MEB.

Батеријата ќе биде 77 kWh, замислена за домет до 620км. Наместо класична квака на вратата на автомобилот ќе има светлечки површини чувствителни на допир. Дизајнот ќе биде „емоционален и екстремно аеродинамичен“. Ќе има во голема мера „премиум ентериер“.