Пред 15 години добивме уред што ги промени нашите животи

Објавено на 30.06.2022 во iOs



Пред 15 години добивме уред што ги промени нашите животи

Ерата на смартфони започна во јануари 2007 година, кога ко-основачот на Apple, Стив Џобс, најави „револуционерен производ што ќе промени се“. Шест месеци подоцна, револуционерниот производ беше комбинација од "iPod, телефон и интернет комуникатор“ и кога излезе на пазарот ги воодушеви првите корисници.

Веројатно и Стив Џобс не бил свесен што се ќе променат смартфоните. Првиот iPhone беше со екран од 3,5 инчи, со 620MHz процесор и 128MB RAM меморија, со 2MP камера и 4GB, т.е. 8GB внатрешна меморија. Тогаш не постоеше ниту App Store, па така коринсиците што биле спремни да одделат 499 долари за моделот со 4GB, или 599 долари за моделот со 8GB меморија и две годишен договор за претплата, биле „осудени“ на само неколку апликации што биле прединсталирани. 

Тим Кук најави за следните модели дека „најдоброто доаѓа допрва“. Што ќе биде тоа конкретно, останува да видиме во иднина. 

Автор: Aleksandar Stankov