Huawei распределува милион долари за најдобрите апликации
Објавено на 30.06.2022 во Новости
Huawei упати повик за програмерите од цел свет во склоп на третото издание на натпреварот Huawei Global App Innovation Contest (Apps UP). Ги повикуваат да се регистрираат и да ги покажат своите идеи и вештини за креирање на апликации на темата „Заедно иновираме“.
Најдобрите апликации што обезбедуваат беспрекорно и иновативно искуство за кроисниците ќе бидат наградени со повеќе од милион долари. Од Huawei истакнуваат дека оваа платформа овозможува пробивање на светската програмерска сцена со бројни девелопери што ги потврдуваат и бројките од 10.000 пријавени решенија од речиси 10.000 програмери.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.