Snapchat официјално воведува претплата, позната е цената

Објавено на 01.07.2022 во Новости



Snapchat официјално воведува претплата, позната е цената

Snapchat најави од порано дека ќе воведе претплатничка услуга Snapchat+, но тогаш се уште немаше информации. Сега конечно дознаваме повеќе официјални податоци, вклучувајќи ја и цената. Месечната претплата ќе биде 3,99 долари, а ќе овозможи пристап кон новите и ексклузивни опции.

Искуството за користење на апликацијата за корисниците со бесплатната верзија ќе остане непроменето. Snapchat+ ќе може да се тестира во бета верзија, додека новите опции ќе станат достапни само за претплатените. Од Snap велат дека на почетокот ќе има опција за означување на една личност како BFF (најдобар пријател) па така содржините на таа личност секогаш ќе и се прикажуваат на врвот на четот, а ќе има и опција за прилагодување на изгледот на иконката на апликацијата. Цената на месечната претплата ќе биде 4 долари.