General Motors и Ford ќе го симнат Tesla од тронот до 2025

Објавено на 04.07.2022 во Електричен погон



General Motors и Ford ќе го симнат Tesla од тронот до 2025

Пазарниот дел на Tesla на пазарот на електрични возила моментално изнесува 70% и би можел да падне на 11% до 2025 година, поради зголемената конкуренција од General Motors и Ford, тврди најновото издание од годишното истражување на Car Wars, спроведено од Bank of America.

Џон Марфи, авторот на истражувањето, прогнозира дека General Motors и Ford ќе ја надминат Tesla Inc. до средината на деценијата, кога секој ќе држи 15% од пазарниот удел во електричните возила.