SpaceX доби зелено светло за користење на Starlink во авиони, камиони и бродови

Објавено на 04.07.2022 во Вселена



SpaceX доби зелено светло за користење на Starlink во авиони, камиони и бродови

Американската Федерална комисија за комуникации даде одобрение на SpaceX за користење на Starlink во возилата во движење, со што даде и зелено светло за користење на овој вид на интернет во комерцијални авиони, камиони и бродови. 

Starlink во последните неколку години со континуирано лансирање на сателити во ниската орбита на Земјата, креира мрежа што овозможува покриеност на поголемиот дел од Земјата со интернет со висока брзина, а притоа цели на корисниците што не можат да добијат пристап кон интернет во руралните подрачја.