Hyundai го презентираше новиот Ioniq 6 со ретро дизајн

Објавено на 05.07.2022 во Електричен погон



Hyundai го презентираше новиот Ioniq 6 со ретро дизајн

Hyundai Ioniq 5 е новиот електричен модел на пазарот, кој предизвика интерес кај луѓето, како еден од најинтересните модели на пазарот, кој веќе освои и некои награди. Уделот на јужнокорејската компанија на пазарот на е-возила расте и на европскиот и на американскиот пазар.

Hyundai го презентираше ретро дизајнот на Ioniq 6, инспириран од постарите возила, кој се карактеризира со висока аеродинамичност, има електричен мотор со платформата Electric Global Modular Platform E-GMP, што го има и кај Ioniq 5. Петката одеше 505 км со едно полнење, а Ioniq 6 би требало да пристигне со нешто поголема батерија. 

Во внатрешниот ентериер возилото ќе биде со 2 дисплеја од 12 инчи, чувствителни на допир. Цената на Ioniq 6, неофицијално, би требало да биде околу 47.000 долари. 

Автор: Aleksandar Stankov