Tesla Model S Plaid е вистински ѕвер кога ќе се отстрани лимитот

Објавено на 05.07.2022 во Електричен погон



Tesla Model S Plaid е вистински ѕвер кога ќе се отстрани лимитот

Официјално употребливата максимална брзина на Tesla Model S Plaid од 1020 KS е 280 km/h. Станува збор за електронски ограничена максимална брзина, која што може да се достигне исклучиво во Track режим на работа.

Сепак, овој автомобил на Tesla има доволно моќност за многу повеќе да ја надмине таа граница на брзината. Така канадската компанија Ingenext креирала свој софтвер, со цел да го отстрани ограничувањето на максималната брзина и да го испроба својот Model S Plaid на пистата и да провери колку брзо навистина може да оди.

Model S Plaid лесно ја достигнува границата од 320 km/h, како што Tesla тврди дека тоа е максималната брзина на автомобилот, но канадската компанија докажала дека достигнува и 346 km/h, па дури можело и повеќе, само што имало проблем со недостаток на писта, па морало возачот да закочи.