A16 Bionic за iPhone 14 серијата пристигнува со повисока цена

Објавено на 05.07.2022 во iOs



A16 Bionic за iPhone 14 серијата пристигнува со повисока цена

Apple се уште ги добива своите чипови од Taiwan Semiconductor Manufacturing Company - TSMC. A16 Bionic процесорот ќе биде вграден наводно во iPhone 14 Pro и 14 Pro Max, базиран на 5 нанометатски процес на производство од TSMC.

Снабдувачот на чипови TSMC планира да ги зголеми цените на деловите, што значи дека тоа ќе влијае и врз зголемувањето на цените на продуктите на Apple. Фабричките материјали со кои што се изработува чипот се со повисока цена, па сето тоа влијае врз целокупната малопродажна цена, поради пандемијата и украинската војна. Покачувањето на цените се очекува да биде од 20 до 30%.