Tesla е симната од тронот од кинескиот BYD!?

Објавено на 07.07.2022 во Електричен погон



Tesla е симната од тронот од кинескиот BYD!?

Tesla е на второ место по производство на електрични возила, веднаш зад BYD, авто-компанија со седиште во Кина, зад која стои Berkshire Hathaway во сопственост на Ворен Бафет. BYD во првите шест месеци на 2022 година продале повеќе електрични возила од Tesla.

BYD има раст на продажбата од 315%, со тоа што се продадени 640.000 електрични возила, а Tesla испорачал 564.000. BYD се спремни за годинава да продадат 1,5 милиони електрични возила. Tesla тврди дека Кина ја пореметила неговата продажба, па затоа претрпува загуби.