Хакер тврди дека украл лични податоци од милијарда Кинези, а Пекинг мудро молчи

Објавено на 07.07.2022 во Новости



Хакер тврди дека украл лични податоци од милијарда Кинези, а Пекинг мудро молчи

Кина е позната по тоа што ги собира личните податоци за своите граѓани. Тоа значи дека ги има сите биометриски податоци и финансии на увид. Меѓутоа, на тој начин се јавуваат и голем број на злоупотреби.

Еден хакер така тврди дека успеал да украде голем број на лични податоци за милијарда кинески граѓани, и тоа директно од шангајската полиција. Ако се покаже дека тоа тврдење е вистинито, тоа би бил еден од најголемите безбедносни пропусти во историјата. 

Хакерите се претставува како "ChinaDan", и на хакерскиот форум Breach Forums понудил за продажба над 23 терабајти податоци за 10 биткоини, односно 200 илјади долари. Кинеските власти се уште не реагираат на ова.