Apple претстави „екстремно заклучување“ за блокада на напади

Објавено на 08.07.2022 во iOs



Apple претстави „екстремно заклучување“ за блокада на напади

Apple во новата верзија на оперативен систем за iPhone, iPad и Mac го претстави "Lockdown Mode" т.е. „екстремно заклучување“. Новата опција е наменета за сите корисници што често се на удар на хакери или злонамерни програми и шпионирање.

"Lockdown Mode" блокира бројни форми на прилози во пораки, оневозможува преглед на линкови, исклучува одредена технологија што се користи за време на сурфањето на интенет, блокира повици во група, FaceTime повици од непознати личности, врски на компјутерот во моментот кога компјутерот е заклучен и оневозможува додавање на било какви нови профили на уредот.