Revuto осмислил NFT што овозможува „доживотна“ претплата за Netflix или Spotify
Објавено на 08.07.2022 во Крипто
Хрватска компанија иновирала начин за управување со претплата, после година дена работа, претставил нова иновација, што на заинтересираните ќе им ја понуди од 11 јули.
Revuto за време на презентацијата тврдат дека овој уникатен и иновативен производ овозможува доживотни дигитални претплати за користење на сервисите како што се Netflix и Spotify, преку нивниот Revulution NFT (анг. non-fungible-token). Така 10.000 заинтересирани корисници од 11 јули ќе може да купат лимитирано издание на NFT преку нивната веб страница. Ова NFT ќе биде достапно преку Revuto веб страницата за 349 долари.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.