Ситуацијата со Илон Маск и Twitter се претвара во сапуница

Објавено на 11.07.2022 во Новости



Ситуацијата со Илон Маск и Twitter се претвара во сапуница

Илон Маск се откажува од купувањето на Twitter, но одборот на Twitter не се согласува со ова. Целата ситуација полека се претвара во драма, затоа што Twitter сака да го натера Маск да ја купи социјалната мрежа.

Претседателот на Управниот одбор на Twitter, Брет Тејлор, на Twitter објавил дека и понатаму планира да го реализира договорот, под услови претходно договорени со Маск. „Убедени сме дека ќе победиме“, вели Тејлор. Маск се уште нема коментар за ситуацијата.