Twitter тврди дека не го прекршил договорот за спојување со Маск

Објавено на 12.07.2022 во Новости



Twitter тврди дека не го прекршил договорот за спојување со Маск

Twitter Inc објави дека не прекршил ниту една од обврските според договорот за спојување со главниот извршен директор на Tesla Inc, Илон Маск. Маск сака да го раскине договорот во вредност од 44 милијарди долари, затоа што компанијата прекршила неколку одредби од договорот.

Twitter објави дека започнува судски спор, со кој што ќе го натера Маск да ја исполни својата обврска за купувањето на Twitter или да плати оштета на компанијата над 1 милијарда долари. Службите од социјалната мрежа тврдат дека компанијата не го прекршила договорот што го имала со Маск.