При тестирањето во SpaceX експлодирал прототипот Booster 7

Објавено на 12.07.2022 во Вселена



При тестирањето во SpaceX експлодирал прототипот Booster 7

Booster 7 е главниот погонски дел од вселенскиот брод Starship. За време на најновото тестирање не успеал ниту да полета, туку експлодирал при палењето на моторот.

Изненадна силна експлозија била забележана одеднаш во форма на огнена топка. НАСА не сакале ништо да коментираат за тестирањето во SpaceX, така што не е познато дали тестирањето било неуспешно или експлозијата можеби била со намера.