НАСА објави неверојатни слики од Џејмс Веб од длабочините на вселената

Објавено на 13.07.2022 во Вселена



НАСА објави неверојатни слики од Џејмс Веб од длабочините на вселената

НАСА ги претстави првите низа фотографии во боја на длабоката вселена, снимани од вселенскиот телескоп Џејмс Веб. Веќе имаме ново значење за изразот „колку окото може да види“, пишува во воведниот дел на претставувањето.

Се проценува дека вселената е стара 13,8 милијарди години, а телескопот може да погледне над 13 милијарда години назад. Поточно, тој може да ја сними светлоста на ѕвездите што настанала речиси на самиот почеток и патувала над 13 милијарди години до нас, истакнал директорот на НАСА, Бил Нелсон.

Ова значи дека луѓето за прв пат може да видат како вселената изгледала набрзо после „големата експлозија“.