Нови емоџи излегоа со Emoji 15.0 надградбата со „дај петка“ и розево срце
Објавено на 15.07.2022 во Новости
Нови емоџи излегуваат за апликацијата за испраќање пораки со „дај петка“ емоџи, кој е многу користен. Името на ова емоџи на англиски е "pushing hand." Ова е едно од неколкуте емоџи што беа објавени на Emojipedia страницата, кои се поднесени за одобрување од Unicode Consortium.
Unicode Consortium е главна светска служба за емоџи стандарди и објави на емоџи. Unicode се очекува да даде конечно одбрување за Emoji 15.0 во септември. Новите емоџи може да ги погледнете на сликиве, кои ќе бидат вградени во платформите на оперативните системи преку софтверска надградба во периодот од 2022-2023 година.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.