Компактниот Asus Zenfone 9 официјално излегува на 28 јули

Објавено на 15.07.2022 во Android



Компактниот Asus Zenfone 9 официјално излегува на 28 јули

Asus е слабо застапен на глобалниот пазар на смартфони, но сепак не се откажува. Zenfone 9 е средна-премиум класа на смартфон и не е толку голем, а сега имаме и официјална дата на лансирање.

5.9-инчениот Android смартфон со „големи можности“ има Snapdragon 8+ Gen 1 процесор, 4,300mAh батерија, 120Hz Super AMOLED екран. Asus Zenfone 9 пристигнува на 28 јули официјално, за цена од 700 долари. Повеќе детали на официјалниот настан.