Русија забрани употреба и плаќање со криптовалути

Објавено на 18.07.2022 во Крипто



Русија забрани употреба и плаќање со криптовалути

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон за национална забрана за употреба на криптовалути за плаќање. Одлуката доаѓа откако руската влада и централната руска банка расправале за тоа што треба да направат во врска со криптовалутите.

Законот за забрана за користење на криптовалути за плаќање на услуги е објавен на веб страницата на рускиот парламент. Во него се наведува дека руската влада забранила пренос или прифаќање на дигиталните финансиски имоти како надоместок за пренесена роба, овозможена услуга, изведена работа и други начини што дозволуваат преземање на плаќање за роба со дигитален финансиски имот. 

Автор: Aleksandar Stankov