Facebook овозможува креирање до 5 профили на исто корисничко име

Објавено на 18.07.2022 во Новости



Facebook овозможува креирање до 5 профили на исто корисничко име

Facebook ја воведува можноста за корисниците да може да располагаат со пет профили максимум, со едно корисничко име. Meta ја најави промената, која што ќе им помогне на корисниците да го променат своето Facebook искуство врз база на нивните интереси за различни видови на содржини наменети за фамилијата или пријателите.

Новиот потег на Meta означува голема промена во однос на условите „вистинско име“, што компанијата го одржува од почетокот. Секој корисник и понатаму ќе има едно корисничко име на Facebook со главен профил што продолжува да го користи вистинското име на личноста. На главниот профил ќе може да се најавуваат луѓето со споредните профили.