Xiaomi следниот месец ќе го претстави првиот електричен автомобил

Објавено на 19.07.2022 во Електричен погон



Xiaomi следниот месец ќе го претстави првиот електричен автомобил

Xiaomi најави во 2021 година влез на пазарот на електрични автомобили, со тоа што вложи 10 милијарди долари за развој на електрични мотори за период од 10 години. Најавена е изградба на фабрика за производство на електрични автомобили, како и центар за истражување и развој во Yizhunag.

Леи Хун, основач и прв човек на компанијата, би требало уште од следниот месец да го претстави првиот прототип на Xiaomi електричен автомобил. Наводно на развојот на автомобилот работи екипата од HVST Automobile Design, заслужна за концептниот автомобил Maven WM Motor, а прототипот на Xiaomi би можел да изгледа слично како и Maven.

Автор: Aleksandar Stankov