Google казнет од Русија со 366 милиони долари за видеа од војната во Украина

Објавено на 20.07.2022 во Новости



Google казнет од Русија со 366 милиони долари за видеа од војната во Украина

Рускиот суд го казни Google со неверојатна сума од 366 милиони долари, поради „забранети“ информации од војната во Украина. Google неколку пати бил предупреден да ги отстрани информациите забранети со рускиот закон. 

Роскомнадзор претходно побара од Google да ги отстрани сите лажни информации за руската воена офанзива во Украина од YouTube, но службите тоа го игнорираа. Исто така, Google не одговорил ниту кога Роскомнадзор му испратил 17 известувања за усогласување со руските закони, но и овде немало никаков одговор. Google се уште нема коментар за казната изречена од Русија.