Netflix ја прошири својата политика со забрана за споделување на лозинки

Објавено на 20.07.2022 во Новости



Netflix ја прошири својата политика со забрана за споделување на лозинки

Netflix годинава става крај на споделување на лозинките помеѓу корисниците и сметаат дека токму тоа е причината поради која што неодамна забележале пад на бројот на претплатници. Пред неколку месеци така покренале пилот програма за дополнителна претплата во неколку земји во Јужна Америка, а сега таа програма е проширена на уште пет земји: Аргентина, Гватемала, Хондурас, Ел Салвадор и Доминиканската република. 

Компанијата на почетокот се фокусирала на Јужна Америка, затоа што токму на тоа место корисниците најмногу споделувале лозинки. Според новите правила, корисниците ќе мора да одберат само едно домаќинство, т.е. адреса каде што ќе може да се гледа содржина на видео сервисот со една претплата. Претплатата ќе биде поврзана со телевизорот и нема да може да се поврзе со телефон или лаптоп.